„Во Париз се носи одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребните трошоци за електрична енергија особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи оваа зима.
Наместо нашите лидери да ни кажуваат како во нашите домови да ја користиме електричната енергија, јавно предлагам тие да почнат да штедат и во таа насока да го прекинат непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно“, напиша Хоџа на Фејсбук.