Халкбанк и годинава ќе ја организира Вело грин трката во Маврово

Правецот  Бистра - Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка Халк вело грин (HALK VELO GREEN) која веќе трета година по ред, на 8 Септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата Халкеко. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се  пријават најдоцна до 29 август.

Учесниците во трката и годинава ќе се натпреваруваат во категориите ПРО, ХОБИ и ПРО Кидс и тоа во машка и во женска конкуренција, во зависност од степенот на подготвеност на секој натпреварувач. Категоријата ПРО во принцип е предвидена за сите оние кои се членови на клубови во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но и за оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти.

Категоријата ХОБИ е наменета за велосипедистите кои рекреативно се занимаваат со овој спорт. И за двете категории рутата е во должина од 22 километри.

Во ПРО Кидс ќе се натпреваруваат млади од 13 до 17 години и деца од 6 до 12 години. За првите три најдобри велосипедисти во сите категории Халкбанк ќе обезбеди вредни награди.

Настанот освен спортски ќе има и забавен карактер, а за убавата атмосфера ќе се погрижат водителот Викса и DJ Goce Saf. За анимирање на најмалите ќе бидат „задолжени“ Халки и Ефектива.

Велосипедската трка Халк вело грин е во знакот на тенденцијата на Халкбанк да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина, за што сведочи и апликацијата Халкеко чиј главен поддржувач е Maстер кард. Со апликацијата банката го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики. Со користењето на апликацијата при вршење на активност како трчање, пешачење или возење велосипед, корисникот добива Халккоинс и освојува различни нивоа кои му носат низа подароци и финансиски бенефиции, со крајна цел придонесување кон засадување нови зелени површини на локации во земјата каде е неопходно.

Халкеко веќе прерасна во платформа преку која Халкбанк реализира и поддржува низа проекти кои ја покажуваат грижата на банката за заедницата и посветеноста кон зачувување на природата. Токму затоа и собраните средства од котизациите за учество во трката и годинава повторно ќе се искористат за  хуманитарни и општествено корисни цели.

Комерцијален текст

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе