Групација „Балфин“: Поддршката за заедниците во земјите во кои работиме е наша обврска и одговорност

За голем број компании и за луѓето воопшто, декември е месец на подарување. Повеќето од нив донираат во овој период одбележувајќи го крајот на годишниот циклус и славејќи го новиот почеток. Но донирањето не значи само да се даде нешто – целта е да се направи разлика, промена во општеството во кое живееме. Групацијата „Балфин“, една од најзначајните инвестициски групи во регионот, го има вградено ова во својата визија. Компанијата посветува посебно внимание на општествено одговорното однесување, стремејќи се да биде поблиску до заедниците и до луѓето на кои им е потребна помош, не само во текот на декември, туку во текот на целата година.

„Да се биде одговорен не значи само да се преземе одговорност за своето дејствување туку значи да се посвети посебно внимание на оние кои, со нивното дејствување, не се во можност да бидат во истата позиција како повеќето од нас. Одговорното однесување кон природата околу нас, кон оние што сакаат да се образуваат но немаат можност за тоа, или кон луѓето што од различни причини не можат да уживаат во топлината, поддршката и вниманието како многумина од нас, се само некои од димензиите на одговорноста. Отчетноста е врската што ги обединува дејствувањето со резултатот од тоа дејствување. Конечно, со она што го правиме за другите, ја одржуваме нашата отчетност и нашиот успех зависи од тоа што го правиме“, велат претставници на групацијата „Балфин“.

Колку отчетноста е важна за „Балфин“ може да се препознае од фактот што координираната стратегија за општествено одговорно однесување на групацијата е раководена директно од нејзиниот претседател, Самир Мане, не само во Албанија, туку и во преостанатите земји каде што работи оваа групација – Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Холандија и Австрија.

Огромниот ангажман на „Балфин“ за помош на погодените семејства во земјотресот што ја погоди Албанија во 2019 година, кога групацијата донираше 1,2 милиони евра, е гест што не може да биде заборавен. И македонските компании што се дел од групацијата, „Нептун“ и „Скопје ист гејт“, дадоа свој придонес.

Од донации на храна и облека од „Спар“ Албанија, „Фешн груп“ Албанија и „АлбХром“, реконструкција на домовите од стана на градежните компании како „Мане ТЦИ“ и „Тирана банк“, поддршката децата со посебни потреби и на одличните ученици од страна на „Нептун“ и „Грин коуст“, до поддршката на добри каузи и донации на маски и ракавици за спречување на ширењето на ковид – компаниите што работат под капата на „Балфин“ имаа повеќе вакви акции само во 2020 година.

Она што ги прави посебни овие активности е континуитетот, здруженото дејствување на компаниите и на нивните вработени, како и прекуграничната координација. Како пример ќе ја издвоиме акцијата од минатата година, кога во период од два месеци 21 компанија од групацијата, од Албанија, Македонија и Косово, ги здружија своите активности во рамките на една далекусежна и сеопфатна кампања, во која беа опфатени повеќе области – социјала, животна средина, образование... На многу компании им е потребна цела година за да го постигнат тоа што вработените на „Балфин“ успеаја да го реализираат за само два месеци. Посветија повеќе од 1.000 часови волонтерска работа преку 18 специјални активности и програми, кои самите ги креираа, а кои беа насочени кон семејства од ранливи категории, деца со посебни потреби, заштита на жени и деца жртви на семејно насилство, постари лица, лица со Даунов синдром, деца без родители, програми за рециклирање хартија и пластични материјали, како и за чистење на просториите и подигнување на свеста за различни каузи. Личните придонеси на вработените во оваа хуманитарна акција надминаа 10.000 евра.

„Групацијата „Балфин“ е еден од малкуте конгломерати во регионот што се фокусира на одржлив развој на заедниците во кои работи, држејќи се до целите за одржлив развој, целите на Обединетите нации, за кои подготви реален сопствен акциски план, следејќи ги стапките на многу меѓународни компании, со ефекти во сите седум земји во кои работи групацијата“, велат од секторот за комуникации на „Балфин“.

Поради пандемијата со ковид, оваа година не беше возможно да се координира толку голема кампања со огромен број вклучени лица. Но тоа не ги спречи групацијата и нејзините вработени да ја негуваат и да ја промовираат одговорноста како една од основните вредности на „Балфин“. Вработените на „Спар“ Албанија ја дадоа својата поддршка за поддршка на кампањата против насилство врз децата. Оваа компанија донираше 5 тони храна за повеќе од 100 семејства, како и 10.000 маски и ракавици за полицијата во Албанија. „АлбХром“ целосно обнови градинка, каде што 60 деца ќе минат потопла зима, и донираше за децата на рударите од градот Булкиза, кој се наоѓа во северниот дел на Албанија. „Фешн груп“ Албанија донираше облека во вредност од 30.000 евра за семејства од ранливи категории. „Нептун“ го поддржа Центарот за Даунов синдром „Џонатан“, обезбедувајќи опрема за онлајн-терапија. Исто така, им помогна и на одличните ученици со опрема за онлајн настава...

Илјадници семејства од ранливите категории добија поддршка од различни компании што работат под капата на „Балфин“. Општеството го препознава тоа и токму затоа групацијата „Балфин“ меѓу луѓето е позната како една од најхуманите во регионот.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе