„Грин машинс“ (Green Machines) ќе ги презентира електричните возила GM500ze и GM400ze, кои што се во редот на најефикасните, најсовремените и најиновативните решенија и технологии во светот за заштита на животната средина, со нула штетни емисии во воздухот при извршување на нивната работа. Ова е во согласност со мотото на „Деновите на електро мобили“, кое гласи „Let’s drive electric!“
Возилата од палетата на „Грин машинс“, кои се македонски производ, произведени во фабриката „Брако“ во Велес, се застапени ширум светот и се употребуваат во повеќе од 40 земји. Велика Британија, Италија, Данска, Холандија, Франција, Германија, Португалија, Белгија, Чешка, Романија, Швајцарија, Шпанија, Турција, САД, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Јужна Кореја, Австралија, се само дел од земјите каде возилата се испорачани.
„Брако“, преку производствената линија „Грин машинс“, активно ја промовира и поддржува програмата за инвестиции во почиста и здрава животна средина, која што се спроведува на глобално ниво.
Комерцијален текст