Регулаторна комисија

Грејната сезона може да почне на 1 октомври ако температурата е 12 степени или помалку

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени целзиусови, грејната сезона може да започне и порано, односно на 1 октомври.

„Официјално грејната сезона започнува од 15 октомври и трае до 15 април следната година, но доколку добиеме податоци од УХМР дека прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени целзиусови веднаш РКЕ ги известува снабдувачите со топлинска енергија со насока да стартуваат со испорака", вели Марко Бислимоски, претседател на Комисијата. 

Во моментов, како што информирале снабдувачите на координативниот состанок со РКЕ, се прават ладни проби за да може без проблем да започне испораката на топлинска енергија. 

„Одржавме состанок со Снабдување со топлина БЕГ и Скопје Север, додека со ЕСМ Енергетика во телефонски разговор ни потврдија дека се подготвени за новата грејна сезона. Снабдувачите се свесни дека измените на законите за зголемување на казните се во постапка и оваа грејна сезона веќе се на терен проактивни. Од БЕГ не информираа дека во моментот имаат проблем со околу 380 колективни станбени објекти кои имаат дефекти во внатрешна инсталација или немаат електрична енергија во топлинските станици, со што е оневозможен пристап на екипите до топлинските станици. Апелирам до Управителите на објектите, односно Заедниците на сопственици да ги подмират навреме сметките за електрична енергија за топлинските станици за да може без проблеми да стартува грејната сезона”, изјави Бислимоски.

Од минатата грејна сезона до оваа приклучени се околу 2.000 нови потрошувачи на трите топлани, меѓу кои и дел од комплексот Лимак. Инаку во Скопје, на топлинска енергија се греат вкупно околу 60.000 домаќинства и објекти.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе