Горивата поевтинуваат за два денари

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од вечер на полноќ па во наредните две недели бензините и дизел горивата ќе се продаваат по цена пониска за два денари.

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика Еуросупер БС -95 ќе се продава по цена  65 денари за литар, а  Еуросупер БС -98 ќе изнесува 67 денари за литар. Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 52 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 40,5 денари за литар.

За 1,337 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе чини 26,955 денари.

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,40 отсто, односно за 3,78 отсто.

Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок.

повеќе

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

повеќе

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе