Од вечер по полноќ максималните цени на горивата ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС - 95 77,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС - 98 79,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) - 79,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,056 (денари/килограм)
Ваквото по подолг период позначајно амалување на цените на горивата, беше повод за изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
„Денешната одлука е потврда дека РКЕ работи согласно утврдена методологија која е во интерес на граѓаните. Довербата што ја градиме кон граѓаните е клучна со цел да се избегнат дезинформаци и лажни вести од т.н експерти. РКЕ секогаш кога се создаваат предуслови, веднаш носи одлуки во корист на народот“, кажал Бислимоски во изјава за МИА.