Голема плакета на Стопанската комора за Вучиќ, Рама, Заев и Ковачевски

Иницијативата за единствен пазар преку создавање економска зона која дополнително ќе ги подобри политичките и економските односи и ќе ги зајакне врските меѓу народите и бизнисите, е препознаена и наградена од Стопанската комора и заслужува највисока почит, велат од комората.

Стопанската комора на Македонија првпат доделува награда за личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција, изразувајќи на тој начин длабока почит кон креирањето на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.

Досега имало повеќе иницијативи за натамошен регионален развој на овие простори, но завршиле неуспешно. Отворен Балкан е концепт кој е поддржан токму од внатре, од политичките лидери во земјите кои се дел од процесот, но уште повеќе од компаниите кои имаат нужна потреба за поблиска соработка, поврзување, заеднички настап на трети пазари, како интра-регионален процес од кој економски бенефит ќе има целиот регион.

Искрените заложби на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерот на Република Албанија Еди Рама, поранешниот премиер на Македонија со мандат 2017 – 2021 Зоран Заев, актуелниот македонски премиер Димитар Ковачевски кој ги продолжи заложбите за натамошно развивање и креирање на иницијативата за единствен пазар преку создавање економска зона која дополнително ќе ги подобри политичките и економските односи и ќе ги зајакне врските меѓу народите и бизнисите, е препознаена и наградена од Стопанската комора.

Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија донесе одлука за доделување на награда на личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција на Александар Вучиќ, Еди Рама, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

Целта на „Отворен Балкан“ е да го промовира и да го развива капацитетот на регионот, преку имплементирање на четирите слободи (слобода за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот).

Наградата опфаќа Голема плакета во чест на одбележување на 100 години од формирањето на Стопанската комора.

Вучиќ по втор пат добива високо признание од Комората. Тој е човекот кој на 29 јули 2021 година доби награда од Стопанската комора на Македонија за помошта што ни ја пружи кога ни беше најпотребна за вакцинацијата на бизнис заедницата, не само кај нас туку и во регионот. Господинот Вучиќ е претседател кој не само што на зборови туку и на дела ги реализира регионалните проекти како основ за подобар бизнис амбиент во целиот регион. Да изградиш автопат кон Македонија, да модернизираш пруга кон Македонија, да градиш автопат за Црна Гора и уште два за Босна и Херцеговина и уште еден за Бугарија е пример без преседан на балканските простори и пример кој мора да биде награден, велат од Стопанската комора. 

Еди Рама е човекот кој е најголемо изненадување во бизнис круговите. По вокација уметник, по разбирање на бизнисот достоен имплементатор на бизнис логиката и уште регионален лидер е исто така дело за респект и почит. Изградбата на инфраструктурни објекти (автопатишта, централи, хотелски капацитети, ланци на маркети), може да се нарече само уметност на бизнисот кој господинот Рама добро знае дека е единствено врзно ткиво на Балканот и гаранција за нов напредок, се вели во образложението за наградата на Стопанската комора.  

Зоран Заев во својот мандат како претседател на Македонија покренувајќи процеси од големо значење за нашата држава совршено добро разбра дека македонската економија без регионална димензија нема шанси за успех. Со тоа ги отвори видиците на нашите компании надвор од границите на државата, а пред се во соседните земји и остави аманет до сите нас, тој пристап да продолжи и понатака нормално водејќи сметка и за интересите на сопствената држава. Тоа негово дело го продолжува и актуелниот премиер Димитар Ковачевски, кој совршено ја продолжи регионалната иницијатива како голема шанса за нашата мала земја и со тоа уште еднаш се потврди тезата дека двајца бизнисмени на чело на Владата едноподруго е ретка но значајна работа, соопшти Стопанска комора. 

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе