Голем мурал во Маврово пренесува мoќна порака за заштита на планетата Земја

Денот на планетата земја, 22 Април, оваа година Халкбанк го одбележа со едно храбро, креативно уметничко дело кое ќе ја краси околината на Маврово. Во соработка со познатиот уметник „Пијаниста”, кој е широко препознаен по своите креативни, иновативни и наградувани дела, овојпат Халкбанк постави нов мурал на вкупна површина од 480м2 – на кошаркарскиот терен во рамки на спортските терени од Ресорт Маврово.

„Симболично” изведбата на муралот, уметникот Пијаниста ја направи токму за Денот на планетата Земја.

Приказната која е инспирација и која се пренесува преку оваа негова креација, ги поврзува сите важни темели врз основа на кои е креирана платформата ХалкЕко како општествено одговорна платформа на Халкбанк АД Скопје, поддржана од Mastercard.

Артистот преку делото пренесува моќна порака за значењето на грижата за нашата планета Земја и заштитата на Планетата од сите негативни влијанија и глобалното затоплување. На креативен начин тој нѐ потсетува на тоа дека секој еден од нас, секоја земја и секое општество мора да даде личен придонес во битката за подобра животна средина.

Дополнително, внимателно одбраната локација за поставување на муралот, Маврово, дава акцент и нѐ потсетува на тоа дека нашето внимание мора да се сврти кон природата, кон шумите, зеленилото, чистиот воздух, водата и обновливите извори на енергија.

И повторно неслучајно, ова дело е направено токму на спортските терени на Ресорт Маврово, за да се истакне уште една од мисиите на ХалкЕко – стимулирање на водење здрав и активен живот кај луѓето. Впрочем, ова е и локацијата каде стартува и ХалкВелоГрин трката на Халкбанк.

Ова е уште еден наш превземен чекор за поразлично и малку повпечатливо кревање на свеста за екологијата, животната средина и природата, за што сме исклучително благодарни на нашиот драг „Пијаниста”.

Преку нашата ХалкЕко платформа веќе трета година се залагаме за едукација, мотивација, промоција, но и за реализација на еко одговорни практики. Стимулираме физичка активност, поддржуваме и организираме спортски настани, наградуваме позитивни примери... Заедно пошумуваме, ја раззеленуваме нашата земја и ја подобруваме животната средина. Ние на овој пат сме фокусирани да делуваме долго и посветено, преку низа дела меѓу кои и нашиот нов Мурал во Маврово, кои се надеваме дека ќе бидат позитивно прифатени и признаени од јавноста“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Муралот за Денот на планетата Земја, кој се изведе изминатиот викенд е најновиот проект во рамки на платформата ХалкЕко. Од 2019 до денес, Халкбанк преку оваа платформа засади над 33.000 садници; изведе неколку гратски, Халк зелени корнери; додели низа подароци на корисниците на апликацијата; реновираше 20 пешачки мостови; организираше и поддржа бројни спорстки настани меѓу кои HalkVeloGreen и HalkEcoSkopjeRun.

 

Комерцијален текст

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе