Интервју

Глигор Цветанов: Да се слушне знаењето и вештините на челните луѓе од докажаните и успешни компании во земјава

Во време на промени и кризи какви што сега минуваме сè поважни се знаењето и вештините на челните луѓе на компаниите. Голем број студии, анализи и истражувања укажуваат на потребата од стекнување технички вештини и други специфични знаења на менаџерите на компаниите во нашата држава и тоа во сите региони. Со завршувањето на оваа програма за претприемништво и лидерство очекувам менаџерите да ги зајакнат своите капацитети на менаџирање на компаниите со што ќе се обезбеди раст и развој на нивните компании, а тоа ќе значи и раст на економијата на државата во целина, вели во интервјуто за „Фактор“, Глигор Цветанов, генералниот директор на една од најуспешните македонски компании „Макпрогрес“ од Виница.

Цветанов е дел од Советот за унапредување на високото образование кој од неодамна е формиран во Стопанската комора на Северна Македонија. Во рамки на Советот се организира и Програмата за клуб на менаџери – претприемништво и лидерство каде и Цветанов е предавач. Обуката започнува на 9 декември, а ќе трае до крајот на мај следната година. Освен Цветанов предавачи се и педесетина други реномирани претставници на бизнис секторот, академската и научната фела.

„Во програмата како предавачи се вклучени едни од најуспешните и докажани менаџери кај нас. Едно од најдобрите учења е трансферот на знаење и учење од поискусните, оние кои претходно се соочиле со одреден проблем. Тие можат најдобро да ги споделат своите искуства околу проблемите во реалниот сектор. Освен ова, посетителите ќе имаат можност и за размена на искуства што го прави бенефитот уште поголем.

Еден пример за ваква програма е и нашиот.  Во текот на овој месец со поддршка на ЕБОР, Владата на Јапонија и компанијата „Макпрогрес“ Виница отворивме Академија за извршни директори лоцирана во Виница. „Прогресив Академија“  е високопрофесионална академија со иновативен тренинг центар кој ќе овозможи градење на технички вештини, спроведување на обуки за менаџери за компаниите во регионот и пошироко, организирање на програми за развој на млади професионалци, спроведување на активности за истражување и развој, како и соработка со други едукативни институции со цел трансфер на знаење. Она што е каректеристично и за оваа академија е дека 70 отсто од предавачите се од реалниот сектор, успешни менаџери и лидери со меѓународно искуство“, вели Цветанов.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе