Делегација на германското стопанство

Германските инвеститори бараат да се прецизира предлогот за недела неработен ден

Германските инвеститори во земјава бараат во Предлог-законот со кој недела би била прогласена за неработен ден да се внесе уредба за прецизно регулирање на ваквото решение. Според директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, оваа уредба ќе ја заштити позицијата што ја имаат производителите од Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување.

„Во четвртокот имав средба со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Разговаравме за новиот Предлог-закон со кој недела би била прогласена за неработен ден. Заедно со германските инвеститори во земјава поднесовме барање во законот да биде внесена уредба со која прецизно ќе се регулира законот. Оваа уредба ќе ја заштити позицијата која ја имаат производителите од Северна Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување. Ја информирав министерката за тоа што ќе значи застојот во производството за автомобилската индустрија во однос на глобалните синџири на снабдување и конкурентноста на пазарот во однос на земјите со кои Северна Македонија конкурира во привлекувањето странски инвеститори“, вели Мартенс.

Тој во понеделникот имал средба и со министерот за правда Бојан Маричиќ на која присуствувал и заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф, а темата на разговорите била заштитата на инвеститорите.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе