Прес-конференција на СДСМ

Георгиевски: Обезбедивме уште 250 милиони денари помош за земјоделците

„Во услови на криза, обезбедивме средства во износ од 250.000.000 денари, кои се наменети за земјоделците кои се соочуваат со потешкотии во производството. Дел од овие средства, односно 120.000.000 денари претставуваат директна поддршка за набавено вештачко ѓубре за производителите на пченица и јачмен, односно 2.500 денари по хектар“, рече Гоце Георгиевски претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Дополнително, преку интервентниот фонд, ќе се реализира директна поддршка и на одгледувачите на овци, каде поддршката изнесува 400 денари по грло предадено јагне во кланичен капацитет за периодот од јануари до мај 2022 година. За одгледувачите на свињи, интервентната мерка изнесува 1.500 денари по грло за гоеници над 90 килограми, кои се одгледани и предадени во кланичен капацитет за периодот од февруари до април 2022 година“, рече Георгиевски.

Тој оцени дека Владата предводена од премиерот Ковачевски, е силно насочена кон одржувањето на стабилен курс на домашното стопанство и дека институциите се мобилизирани будно да ја следат состојбата и активно да работат на надминување на сите предизвици.

„Интервентниот фонд е уште еден механизам за ублажување на предизвици во земјоделското производство, кој во наредниот период ќе се проширува и дополнува со нови мерки“, нагласи Георгиевски.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе