Генерален штрајк, ССМ постави 120 столчиња пред Собранието, се бараат оставки

Сојузот на синдикатите на Македонија точно на полноќ го започна генералниот штрајк затоа што Владта не го реализира барањето за линеарно покачување наплатите за 2.806 денари. ССМ утрово постави 120 столчиња пред Собранието на Македонија на тој начин потсетувајќи ги 120-те прагеници дека иако се избрани од народот, од работниците, немале волја да постапат според својата совест и не го изгласале амандманот на ребалансот на Буџетот, според кој, доколку се усвоеше, ќе мораше на работниците да им се покачат платите. ССМ бара и оставки.

Ја потсетувам јавноста дека имавме одржано протестен марш и дека потоа претставници на ССМ беа примени на разговор во Владата. Таму си подадовме рака со претставници од Владата дека тоа право на работниците ќе се применува од 1 јули. Но, потоа ги снема. Вчера во 5 до 12 нѐ убедуваа дека не е време за штрајк. ТВо ребалансот на буџетот не предвидоа средства за зголемување на платите! Иако Законот за минимална плата предвидува усогласување на платите во рок од шест месеци“, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски, потсетувајќи дека се бара покачување на платите и утврденото право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 отсто од основицата.

Покачувањето на платите е неопходно затоа што врз грбот на вработените се урна високата инфлација, растот на цените како на струјата, така и на основните прехранбени продукти, рече лидерот на ССМ.

„Сите оние политичраи кои нема да го поддржат ова наше барање во интерес на работникот, наше легитимно право како претставници на работниците, е од нив да побараме оставка", порача Димовски.

„Ние сме ги избрале тие пратеници за да ги унапредуваат и чуваат нашите права и да ни излезат во пресрет сега кога ни е најпотребно. Другари пратеници, другари од власта, од локалната самоуправа сериозно сфатете си ја работата, работникот денеска се бори за егзистенција", нагласи претседателот на ССМ.

На прашањето дали стравува дека на работниците ќе им бидат одземени дневници од платите поради штрајкот, Димовски рече:

„Од кои плати да ни земат дневници. Од платите што не обезбедуваат егзистенција. Не можеме да ги спречиме работниците да протестираат. Од друга страна законски е и колективниот договор да почне да важи, па тоа не е испочитувано од власта“.

Столчињата пред Собранието ќе стојат до 14 часот, до кога ќе биде затворен сообраќајот во делот на овој булевар, а утре, во истото време, 21 столче ќе биде поставено пред зградата на Владата, како потсетување за владините министри дека не водат сметка за егзистенцијата на работниците.

Во петок манифестирањето на генералниот штрајк ќе се одвива пред Минстерството за финансии.

Инаку, само 10 отсто од вработените во јавниот сектор ќе работат, со цел „државата да не застане“, односно ќе се работат само најнеопходните работни задачи за државата и граѓаните. Во периодотод 10 до 11 часот ќе се излегува надвор од работните места со цел работодавачот (државата) и поединците работодавачи да ги погледнат своите вработени на кои им е загрозена егзистенцијата затоа што не им се дава зголемување на платата.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе