ССК со ново барање до владата

Фотоволтаиците да се поставуваат паралелно со обезбедување на дозволите

Сојузот на стопански комори денеска до владата поднесе ново барање со кое бара во услови на прогласена кризна состојба, да биде дозволено инсталирањето на фотоволтаичните панели да се одвива паралелно со обезбедувањето на потребните дозволи.

„Ова го бараме од причина што голем број на компании се подготвени да инвестираат и веќе ги имаат направено неопходните набавки, но процесот е закочен заради бирократските процедури за обезбедување на дозволи. Со тоа ќе се дозволи компаниите со свои инвестиции да ја намалат енергетската зависност, а воедно и сметките за електрична енергија. Барањето е неопходно, разумно и не ангажира никакви дополнителни средства за реализација од страна на државниот буџет", соопштија од ССК.

Од ССК уште бараат укинување на ДДВ за фотоволтаици и за опремата за монтажа на фотоволтаици, како и за инвертер клими и агрегати со кои може да се намали потрошувачката на струја за загревање на објектите.

Сојузот во август годинава достави 14 барања за мерки, меѓу кои ограничување на цената на струјата до одредено ниво до кое ќе ја плаќаат претпријатијата, додека над тоа ниво да ја плаќа Владата како и обезбедување на струја од домашните производни капацитети, по поповолна цена за стопанството.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе