МЕЃУНАРОДНИ ИНВЕСТИТОРИ

Фондот Илирика ЈИЕ доби признание од реномираниот Инвесторс ривју од Британија

Илирика е број 1 брокер на Македонската берза за 2016 година со пазарен удел од 29%, а друштвото во текот на минатата година го доби јубилејното признание од Македонската Берза, по повод 20 годишнината на берзата, како друштво со најголем промет од основањето на берзата. Илирика овие резултати и проекциите за годинава ги презентираше на годишниот инвеститорски состанок.

Чекорите кои фондот Илирика ги презема веќе неколку години ја ставија компанијата на меѓународната сцена и затоа реномираниот магазин Инвесторс ривју (Investors Review) за 2016-та година ја избра Илирика помеѓу најдобрите инвеститорски финансиски институции. Илирика ги доби признанијата за Фанд елит (Fund Elite), Сингл менаџер (Single Manager) и Фајнест ин фајнанс (Finest in Finance).

Вложувањето во акции на берзата или акциски инвестициски фондови е чекор кон стабилен менаџмент на личните фондови кои постепено растат во соработка со стручни советници. Долгогодишното локално и меѓународно искуство и признанието од интернационални организации ја одразуваат довербата во Илирика. Илирика фанд менаџмент овозможува лична соработка со идните инвеститори и согласно преференциите на клиентот соодветно управува со ризиците преку професионално обучен персонал. На сите пазари каде Илирика е присутна, како високо-стручна финансиска институција, обезбедува лична и ефикасна услуга која ги исполнува барањата на дури и најпребирливите клиенти. Со стручноста, знаењето и со богатото искуство на инвеститорите Илирика обезбедува чесно, сигурно и промислено управување со имот.

Присутните на средбата ја имаа можноста да се запознаат со најновите информации од македонската и светската берза.  

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе