Флајдубаи: За деца до 12 години бесплатни авио билети до Дубаи

Во наредните три месеци децата до 12 години за летовите од Скопје до Дубаи ќе можат да летаат бесплатно.

Ова е дел од промотивните активности на авиопревозникот Флајдубаи за да го промовира Дубаи како врвна туристичка дестинација и да им овозможи на патниците да патуваат почесто во градот. Семејствата кои ќе купат авионски билет од Скопје до Дубаи најдоцна до 31 јули за лет до 10 септември ќе можат со себе да носат деца до 12 години без да платат надоместок.

„Една од нашите цели како компанија е да воспоставиме нови врски меѓу Обединетите Арпаски Емирати и Скопје. Оваа специјална понуда на семејствата ќе им овозможи да ужуваат во уште подостапен одмор во Дубаи на којшто ќе можат да се забавуваат во одделите за игра во трговските центри и да се восхитуваат на панорамата на Дубаи. Заштедувајќи на билет за децата, семејствата можат да потрошат повеќе средства во текот на одморот“,изјави  Гаит Ал Гаит, извршниот директор на компанијата.

Друже, а бе ти се разбираш и чачкаш по тие работи, да те прашам - има ли некое џиџи-миџи, некое софтверче за телефон што може да заштити од прислушување? Има.

повеќе

Еден пријател неодамна ми прати мејл од Македонија и ми рече „ние сме сведоци како некои од водечките демократии на планетата сакаат на една комплетно мафијашка држава да ѝ дадат членство во ЕУ“.

повеќе

Се знае дека античкиот филозоф Диоген шетал среде бел ден со свеќа во раката и барал чесен човек. Политичари и државници не барал затоа што во негово време тие биле во изобилство.

повеќе