Секоја година Јуроп бизнис асембли (Europe business assembly) ја прогласува најдобрата здравствена установа со најдобар менаџер, како и најдобриот велнес-центар на територијата на Европа и Блискиот Исток. Годинава интернационалното признание му припадна на „Филип Втори" и на менаџерскиот тим на болницата.

Изборот на номинирани установи и менаџери се прави според неколку критериуми, како што се: елоквентност и стручност на персоналот, мултидисциплинарни медицински служби, национални и интернационални акредитации, научно-истражувачка работа, модерна медицинска опрема, писма на задоволство од пациентите, ефективност, фокусирање кон пациентите и нивното задоволство и процес на безбеден третман, како и примена на нови методи и технологии.
На самитот академик Жан Митрев со 10-минутна презентација на тема „Специјална болница Филип Втори - минато, сегашност, иднина" го пренесе секојдневието во работата на овој реномиран центар, соопштуваат од болницата.