Фероинвест: Анѓушев не е сопственик во Осломеј

Фирмите во сопственост на Кочо Анѓушев и тој лично не се сопственици на проектот фотонапонска електроцентрала во Осломеј. Фирмата РЕС на Кочо Анѓушев се занимава со трговија со струја и нема никаков сопственички удел, ниту целосен ниту делумен, во ФЕЦ Осломеј, се вели во информацијата на Фероинвест по објавите за наводната негова сопственичка инволвираност во овој проект.

„Се прави обид да се прогласи вертикална сопственост преку хоризонтална кадровска поврзаност, што е досега невидено во корпорациското работење и зборува или за капацитетот за разбирање на темата или за намерно лажно информирање. Лесно се проверува кој е вистински сопственик и изведувач на соларната електрана во Осломеј избран на јавен оглас од државата“, информираат од компанијата на Анѓушев Фероинвест.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе