Макроекономски монитор

Фајнанс тинк: Раст на БДП за 13,1 отсто во вториот квартал, но споредбената основа беше ниска

Во вториот квартал од 2021, БДП се зголеми за 13.1% на годишна основа, како резултат на отпочнувањето на масовната имунизација и нормализацијата на економските текови. Високиот раст е остварен на ниска споредбена основа од вториот квартал од 2020, во кој пандемијата го изврши првиот и најсилен удар на економијата, забележува Фајнанс тинк во најновиот макроекономски извештај. „Неизвесноста во економијата повторно се зголеми во третиот квартал од 2021 со четвртиот бран од пандемијата,заклучува Фајнанс тинк.

„Според дејности, ударот пред една година беше најсилен врз трговијата, сместувањето и послужувањето храна, и транспортот, како резултат на што и растот во К2-2021 е најголем во овие дејности, 46%. Растот кај останатите дејности е значајно помал, со исклучок на индустријата, која порасна за 11.4%. Овој раст може да се поврзе со растот на бруто инвестициите, извозот и увозот, 38.4%, 45% и 46.7%, соодветно, кој во голема мера е воден од интензивираните активности на извозните капацитети во ТИРЗ-овите, кои искусија огромни падови пред една година, но сега го реализираат потенцијалот за брз излез од кризата“, се вели во заклучоците на извештајот.

Олабавувањето на мерките за спречување на ширењето на вирусот во К2-2021, заедно со продолжените ефекти од владините мерки за поддршка на доходот на граѓаните, го објаснуваат растот на приватната потрошувачка, 12.9%. Додека, растот на јавната потрошувачка, 2.9%, е генерално на патеката на консолидација по големата експанзија во 2020.

„Невработеноста во првиот квартал од 2021 понатамошно благо се намали, на 15.9% од претходните 16% (К1-2021). Падот на невработеноста е значајно забавен, како резултат на враќањето на пасивизираното население на пазарот на труд. Вработеноста забележа благо зголемување, од 47.1% на 47.3%, што упатува на понатамошна стабилизација на пазарот на труд. Сепак, во вториот квартал, евидентно е губењето работни места во преработувачката индустрија (околу 4,000 во однос на К1-2021), транспортот (3,500) и хотели и ресторани (1,000), што укажува дека растот на додадената вредност во најпогодените дејности не е проследен со креирање работни места“, заклучува Фајнанс тинк.

Неизвесноста во економијата повторно се зголеми во третиот квартал од 2021 со четвртиот бран од пандемијата. Иако се очекува дека мерките за спречување на ширењето на коронавирусот од август 2021 ќе имаат ограничен неповолен ефект врз економијата, сепак неизвесностите кај најпогодените дејности се сé уште нагласени. Finance Think ја задржува проекцијата за растот на БДП во 2021 на 4.1%.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе