Во соопштението се додава дека согласно договорот кој го склучи ЕСМ Продажба на 12 октомври за продажба на 1.200 MWh вишоци на електрична енергија за периодот 13 – 18 октомври со Дуферко МК, утрово се продадени последните 200 MWh.
Станува збор за електрична енергија произведена во период од 2 до 6 часот за која Дуферко МК во конкуренција на уште две други компании (ЕТМТ и ДАНСКЕ) понуди цена од 135,7 евра од мегаватчас, велат од ЕСМ.