Од ЕСМ продажба велат дека субјектите од оваа категорија кои не поднеле документи или при пријавата поднеле некомплетни документи, можат да се пријават со комплетна документација до 20 декември и да бидат снабдувани преку ЕСМ Продажба од 1 јануари 2023 година.
„Одлуката на Владата со која на ЕСМ Продажба му се даде обврската за снабдување на дополнителен број потрошувачи, е донесена со цел да се спречи раст на цените на одредени прехранбени производи а да се постигне и нивно намалување. ЕСМ Продажба, по истата одлука, досега снабдува 309 јавни основни и средни училишта и 51 водостопанско и комунално претпријатие кои работат со пумпни или пречистителни станици“, информираат од оваа компанија.