Делегацијата на германското стопанство во земјава на средба со СКСМ

Енергетската криза е главниот проблем за компаниите, истакнале Азески и Мартенс

Енергетската криза останува приоритетен проблем за компаниите и ќе се одрази на нивната ликвидност, оценија директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Според Мартенс и Азески, останува и клучно прашањето за инвестирање во квалификувана работна сила, како и вреднување на работникот согласно вложувањата.

Мартнес ја потпиша Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки што ја усвои Собранието на Стопанската комора на 14 јули по повод 100-годишнината од нејзинотo постоење. Во Декларацијата се бара нов економски договор и враќање од партиските на државната агенда, бидејќи, како што се наведува, само државната агенда може да го зачувува бизнисот и неговиот развој како единствен кохезиски фактор во државата.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески изразил благодарност за довербата што Делегацијата на германското стопанство ја покажува со чинот на потпишување на Декларацијата, потенцирајќи дека во интерес на заедничката идна соработка е и одлуката Комората да учествува на манифестацијата SUBEX-Suppliers Balkan Expo што на во ноември месец ја организира Делегацијата на германското стопанство во државата. За Македонија, Германија има клучно значење бидејќи е најголемиот бизнис партнер на македонското стопанство.

Директорот Мартенс акцентирал дека бизнис соработката на двете земји е од заеднички интерес и дека има поле за нејзино проширување. Во следниот период потенцијал за нови бизнис зделки гледа во повеќе сектори, но особено во текстилот.

Досега Декларацијата ја потпишаа повеќе од 150 субјекти, компании членки на Комората, а од надворешните институции прв потписник е Македонската академија на науките и уметностите. Во наредните денови, наведува Делегацијата на германското стопанство, тоа ќе го направат и ректорите на државните универзитети во Македонија.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе