ЕЛЕМ ќе увезува струја, во РЕК Битола блок 3 не работи

ЕЛЕМ распиша тендер за увоз на 3.600 mwh електрична енергија за задоволување на потребите по зголемената потрошувачка на струјата откако земјата ја зафати студениот бран. Во РЕК Битола веќе неколку дена не работи блокот 3.

Од ЕЛЕМ информираат дека се работи на тоа блокот 3 наскоро да почне да работи, а во погон ќе се вклучи и ТЕЦ Осломеј.

„Увозот нема да влијае врз цената на струјата. Нема да потрошиме повеќе од што заработивме  од продажбата на вишоците на електрична енергија што ја направивме во ноември и декемви. Со што ќе се сведеме на 0 и нема да прикажеме зголемени трошоци“, изјави Христијан Мицковски, директор на ЕЛЕМ за ТВ 24 вести. 

Декемврискиот извештај на Мeѓународната кризна група и платформата на трите партии на македонските Албанци.

повеќе

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе