ЗА ПОСТПЕЈД КОРИСНИЦИТЕ НА МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА

Едноставна постапка за купување билет во ЈСП за корисниците на Вип

Вип ги информира своите корисници на мобилната постпејд телефонија дека имаат можност да купат билет за возење во автобусите на ЈСП Скопје од својот мобилен телефон. Со оваа услуга купувањето билет е многу едноставно, а сè што треба да направите е да ги следат следните чекори.

За да може да се купи билет, потребно е претходно корисникот да ја активира услугата. За активацијата која е бесплатна, корисникот треба да испрати SMS со текст „START” на бројот 14 11 14. Како потврда за успешна активација на услугата корисникот добива SMS-порака.

Чекори за купување билет со мобилен:

  1. Откако корисникот ќе го избере бројот 185 треба да го приближи телефонот до апаратот (валидаторот) во автобусот.
  2. Апаратот го регистрира корисникот – при успешно купување корисникот добива  звучна и светлосна сигнализација од валидаторот.
  3. Корисникот добива SMS-порака како потврда за успешно купување на билетот. Корисникот потребно е да ја зачува SMS-пораката до крајот на возењето.

Цената на дневниот билет за едно возење е 40 денари, а на ноќниот билет е 50 денари. Максималниот месечен лимит за купување билети од мобилниот телефон е 1.800 денари.

За повеќе информации јавете се на 077 1234 или прочитајте на www.vip.mk .

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе