Неврохирургот му посака палави и среќни детски денови

Едногодишно дете пациент на Филипче, издржа тешка операција и сега е добар

Венко Филипче, поранешниот министер за здравство, а сега активен неврохирург кој оперира пациенти, имаше сложена и хумана мисија, да изрши операција на глава кај детенце од една година. Убавата насмевка на едногодишниот Зоран, неврохирургот Филипче ја објави на својот Фејбук профил и напиша дека детенцето се изборило со тешка операција и сега се чувствува добро. Му посака среќа и палави детски денови.

„Едногодишниот Зоран е храбар борец. Неговата убава насмевка денеска ја исполни со позитивна енергија целата Клиника за неврохирургија. Зоран успешно се избори со една тешка операција и сега се чувствува добро. Му посакувам многу здравје, палави и среќни детски денови“, напиша Филипче. 

Фотографијата која е објавена на социјалните мрежи е направена и објавена со дозвола на родителот. 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе