„Еден потег, многу придобивки“ – Виса бонус кампања на Шпаркасе банка

Шпаркасе банка АД Скопје во соработка со Виса ја лансираше бонус кампањата „Еден потег, многу придобивки“, која има за цел понуда на премиум услуга и додадена вредност за сите нови клиенти што ќе се одлучат да ја примат својата плата преку банката. Кампањата ќе трае заклучно до 30 ноември или до искористување на средствата предвидени за кампањата.

Секој нов примател на плата во Шпаркасе банка добива бонус во висина од 2.000 денари на својата сметка и 6 месеци нема надоместок за користење С или С плус пакет (пакет од мобилно/интернет банкарство со вклучена Виса дебитна картичка).

Со префрлањето на платата во Шпаркасе банка, на клиентот му е ставена на располагање широка палета кредитни и депозитни производи и платежни услуги со атрактивни услови на користење.

Имајќи го предвид фактот дека во ова постпандемиско време корисничките навики на клиентите се движат во насока на преферирање и сè почесто користење дигитални услуги, Шпаркасе банка ги советува клиентите да одберат банка што континуирано инвестира во модернизација и во иновативни услуги, следејќи ги дигиталните трендови во банкарството.

Со Шпаркасе банка, клиентите добиваат сигурен финансиски партнер што ги разбира нивните потреби и се стреми кон едукација на клиентите и ползување на дигиталните канали што се безбедни и лесни за користење за извршување на сите банкарски услуги.

Модернизацијата, зголемената дигитализација и подобрувањето на условите во понудата е трендот што клиентот ќе го почувствува не само при користењето на дигиталните канали, туку и кај процесот на кредитирање, депозитната понуда, електронското потпишување договори, онлајн воспоставување деловен однос со банката и многу други иновации во најава.

Комерцијален текст

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе