Претседателот на ССМ Дарко Димовски на денешната прес-конференција соопшти дека синдикатот размислува за стечајна постапка за Водостопанство затоа што четврти месец не се исплатени плати.
„Сојузот на синдикати на Македонија заедно со агросиндикатот каде што делуваме во АД Водостопанство, кое е во државна сопственост, ќе бараме да се поведе претстечајна постапка зашто вработените веќе четверти месец не зеле плати. Денеска ќе имаме средба со директорот на Водостопанство и јасно ќе му ги изнесеме овие факти и по кој основ ќе ја поднесеме претстечајната постапка доколку не се исплатат три заостанати плати и четвртата која е тековна и се работи во септември, информира Димовски.