ССМ

Државното „Водостопанство“ четири месеци не дало плата и е пред стечај

АД „Водостопанство" во државна сопственост четири месеци нема исплатено плата, поради што Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе има средба со директорот, а можно е и да побара отворање на стечај за претпријатието.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски на денешната прес-конференција соопшти дека синдикатот размислува за стечајна постапка за Водостопанство затоа што четврти месец не се исплатени плати.

„Сојузот на синдикати на Македонија заедно со агросиндикатот каде што делуваме во АД Водостопанство, кое е во државна сопственост, ќе бараме да се поведе претстечајна постапка зашто вработените веќе четверти месец не зеле плати. Денеска ќе имаме средба со директорот на Водостопанство и јасно ќе му ги изнесеме овие факти и по кој основ ќе ја поднесеме претстечајната постапка доколку не се исплатат три заостанати плати и четвртата која е тековна и се работи во септември, информира Димовски.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе