„Денешниот состанок го завршивме со три заклучоци, односно да се формира откупна цена за овогодишната реколта за што, со поддршка од Институтот за ориз во Кочани, ќе се утврди трошковник, односно производната цена. Вториот заклучок е да се видат можностите за што побрзо исплаќање на субвенцијата од три денари за килограм предадена арпа, за што пријавувањето во Платежната агенција беше до 31 август. Исто така, заклучивме дека е потребно да се оствари средба со откупно-преработувачките претпријатија во кочанскиот регион, да ги слушнеме нивниот став, какви се движењето и очекувањата на пазарот. Сакаме да направиме медијаторство меѓу земјоделците и откупувачите за да се стигне до една прифатлива и одржлива откупна цена, што ќе даде можност производството на ориз да остане заштитен белег на овој крај, а одредени мерки што ние би ги дале ќе ги договараме со оризопроизводителтие“, истакнал заменик министерот Димковски.
Состанокот со претставниците на откупните претпријатија е закажан за попладнево, по што во наредните денови треба да се одржи уште една средба со земјоделците, на која ќе се изнесат утврдените заклучоци и ќе се бара заеднички прифатлив износ на цената што ќе се плаќа за откупен килограм арпа.