Донација од „Галф Оил“ за семејства на дечиња со попреченост во Куманово

Компанијата „Gulf Oil“ Македонија водена од својата мисија на општествено одговорна компанија, придонесува за градење на одржлива и поубава иднина на нашите сограѓани. Животот на родителите на деца со здравствени проблеми, е повеќекратно усложнет и полн со стравови.

„За да им бидеме поддршка во надминување на секојдневните предизвици, ‘Gulf Oil‘ Македонија донираше прехранбени производи, масло за јадење и средства за лична хигиена, на семејства на деца со попреченост, на територија на општина Куманово“, објавија од компанијата.

Донираните производи до семејствата на децата со попреченост, ќе стигнат преку здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива, кое помогна да се реализира оваа хумана акција на „Gulf oil“ Македонија.

„Хуманоста и безрезерваната поддршка за децата останува да биде во наш преден план. Континуираните донации и помош на децата со пречки во развојот помагаат тие да растат и да станат видливи и силни во општеството, надминувајќи ги предизвиците од секојдневието“, велат од компанијата.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе