Поддршка за земјоделците

Доделени првите договори за набавка на трактори

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, заедно со заменик министерот за земјоделство Трајан Димковски, денеска во Штип ги доделија првите пет договори за набавка на трактори преку Програмата за рурален развој. Бабовски истакна дека условите за добивање на оваа поддршка ги исполнуваат 540 апликанти

„Вкупната финансиска поддршка за сите 540 апликации изнесува 206.000.000 денари. Најголем дел од апликантите побараа набвка на трактори од марката Тафе, Солис, Махиндра. Заради заштита и намалување на ширењето на ковид 19, сите кои имаат аплицирано за оваа мерка и ги исполнуваат условите, а денеска не се овде, договорите заедно со упатство ќе ги добијат на домашна адреса. Откако ќе ги заверат и потпишат два примерока од договорите, ќе треба да ги вратат во Агенцијата. По што може да почнат и со реализација на инвестицијата односно со набавката на тракторот кој им е одобрен со договорот", рече Бабовски.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе