Дизелот поскапува за 1,5 денари, цената на бензините останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40%. Притоа цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, додека цените на бензините не се менуваат.

Од вечер на полноќ ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 95,5 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат по иста цена, односно 95,5 и 98 денари/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. и сега ќе чини 94 денари/литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 53,343 ден/кг.

 

 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе