Дизелот од полноќ поскапува за два денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија на денешната седница донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37% во однос на одлуката од 13.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 2,407%, додека зголемување има кај дизелот за 1,078%, кај екстра лесното масло за 0,346% и кај мазутот има намалување е за 0,102%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Од 18.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 111,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 113,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,317 (денари/килограм)

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе