СДСМ

Димковски: „Зелена нафта“ за земјоделците, 4 милиони евра за 50.000 земјоделци

Во време на најголема светска економска и енергетска криза, Владата и институции предводени од СДСМ продолжуваат со конкретна грижа за сите граѓани. Посветени сме на инвестиции во земјоделството со цел зголемување и поголема конкурентност на домашното земјоделско, изјави денеска Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Започна распределбата на картичките за „зелена нафта“. Околу 50.000 земјоделски стопанства ќе добијат 250 милиони денари или околу четири милиони евра за субвенционирана нафта за земјоделска механизација.  Распределбата ќе се одвива во цел месец октомври со цел земјоделците навремено да ја добијат оваа мерка која значи помали трошоци. 

Со субвенционирата нафта ги олеснуваме условите за работа на домашните земјоделци и поттикнуваме зголемување на домашното земјоделско производство. 

Тоа е особено важно во време на светска криза, кога се јавува недостиг на храна и земјоделски производи. 

Истовремено, исплативме субвенции за 6.396 млекопроизводители во вкупна вредност од над 153 милиони денари.

Ова е субвенција за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот март, април и мај 2021 година, а веќе започна подготовката на налозите за исплата за јуни и јули.

Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети.

Со одговорни и навремени мерки за намалување на трошоците на земјоделците го зголемуваме домашното производство на храна.

СДСМ и во време на криза останува партнер и поддршка на сите земјоделци“, изјави Димковски.

 

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе