Деспотовски-Бартон: Македонија ги препознава потребите на инвеститорите и нуди флексибилниот пристап

Можностите за соработка и нови инвестиции, во контекст и на новиот концепт на работа на Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ), беа главната тема во разговорите меѓу директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и Комесарот за трговија на Обединетото Кралство за Европа, Крис Бартон.

Како што пренесуваат од ТИРЗ, на средбата Деспотовски нагласил дека предноста на Северна Македонија како мала земја е тоа што ги препознава потребите на инвеститорите и нуди флексибилниот пристап. Исто така, посочил дека клучен адут во привлекувањето на странски инвестиции во контекст на глобалните случувања, е стабилноста гарантирана со членството во НАТО, како и предвидливата деловна клима, пристап до квалитетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги.

На средбата се разговарало за конкретни механизми за соработка и размена на искуствата во однос на инвестициските активности во двете земји.

Комесарот за трговија Бартон, пак, кажал дека целта на неговата посета е дополнително да ги поттикне трговските и инвестициските врски меѓу Обединетото Кралство и Македонија. Од ТИРЗ наведуваат дека Бартон ја претставил и можноста за гаранции за инвестиции за британски извозни и инвестициски проекти во Македонија и изразил задоволство од британските компании што инвестираат во земјава кои, како што рекол, се пример за добри пракси во работењето и најавил дека ќе продолжи да работи на зголемување на економското присуство во регионот.

„Деспотовски информираше и за подготовките за нов циклус на активности за поттикнување на инвестиции, со фокус на Западна Европа, САД, како и источна Азија и го најави почетокот на новата промотивна кампања за инвестициските можности во Северна Македонија, во соработка со реномираниот британски магазин Економист“, соопшти ТИРЗ.

Кампањата се базира на презентација на десетгодишните резултати од работењето на компаниите во ТИРЗ, кои според анализата, оствариле континуиран раст во изминатава декада и постојано растат. Само вкупните приходи на компаниите бележат просечен годишен пораст од 16 отсто, а раст има и на бројот на работни места, платите и уплатите во Буџетот на државата.

 

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе