Стопанска комора - СУ „Кочо Рацин“

„Денешните ученици ги подготвуваме за утрешната работа“

Дуалниот систем на образование е клучот за производство на квалитетни кадри кои ќе стекнат практични вештини во своите области уште во текот на своето образование.

„Денешните ученици ги подготвуваме за утрешна работа“ – ова е мотото под кое работи средното стручно училиште ,,Кочо Рацин” од Скопје. Токму со цел вмрежување на компаниите и стручните училишта за реализација на практичната обука преку јавното–приватно партнерство, м-р Наташа Јаневска од Стопанската комора, оствари работна средба со директорот и професорите по практична настава во ова училиште.

Иако училиштето поседува кабинети со соодветна модернизирана опрема за стекнување практични вештини за квалификации од областа на текстилот, сепак потребата за изведување практична обука во компанија е неизбежна. Преку ваквиот начин на стекнување вештини, во реална работна средина, учениците покрај практичните, стекнуваат и трансверзални вештини-одговорност, посветеност во работата, почитување на претпоставени, тимска работа и слично, е заклучокот од средбата.

Целта на училиштето е да ги поттикне учениците да ја засакаат оваа професија, бидејќи последниве неколку години, на пазарот на трудот има особено зголемена побарувачка, а преку практичната обука во компанија, компаниите ќе си обезбедат свој кадар – истакна директорката на училиштето, Благица Павловска.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе