Интервју

Чифлиганец: Образованието е битно, но само праксата може да нè направи успешни

 Ако сме завршиле школо и имаме добра идеја, тоа само по себе не е доволно за успех. Патот до успехот е долг и има многу препреки. Успехот има многу елементи, кои не ги пишува во книга, туку се учат преку секојдневна работа, тоа е начинот да се стекнеме со многу вештини. А сè што работиш, мора да е со љубов ако сакаш да успееш, вели во интервју за Фактор, Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на „Адора инженеринг“ потпреседателка на Стопанската комора на Северна Македонија. Таа е предавач на Програмата за клуб на менаџери  – претприемништво и лидерство што при комората започнува на 9 декември, а ќе трае до крајот на мај 2022 година Стопанската комора впрочем од неодамна креираше алатка со која планира активно да се вклучи во помош на бизнисите и нивен зголемен раст, а за таа цел е формиран Совет за унапредување на високото образование.

„Мојата потајна желба е на оваа Програма за клуб на менаџери, што ја организира Стопанската комора и која започнува за една недела, да се пријават што повеќе жени со цел да го зголемиме капациетот, можностите за што поголема вклученост и напредок на жените, а особено нивно позиционирање на што повисоки функции во компаниите во кои работат. Искрено се надевам дека пренесувајќи ги успешните примери за личен развој ќе бидеме пример и мотивација за младите“, вели Чифлиганец.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе