Од вечер по полноќ

Цената на бензинот се намалува од 109 на 108,5 денари, за половина денар поевтинува и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од вечерва по полноќ цената на бензинот од 95 октани и на дизел - горивото се намалува за половина денар, додека бензинот од 98 октани и нафтата за домаќинствата поевтинуваат за 1 денар. Цената на мазутот пак, се зголемува.

Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС - 95 108,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС - 98 110,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм)

Регулаторната комисија напоменува дека тоа се максималните цени на нафтените деривати, но дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,201%.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе