Царините на Македонија и Србија договорија дигитализација на постапките

За олеснување на трговијата преку дигитализација на царинските постапки и со понатамошното забрзување на протокот на граничниот премин Табановце/Прешево преку „Уан стоп шоп" (One Stop Shop), разговарале денеска делегации на царините на Македонија и Србија, соопшти македонската Царина.

„Наш приоритет е максимално забрзување на протокот на стоки, а во исто време да се зголемат напорите за побрза дигитализација што ќе значи уште побрз трансфер. Како земја вложуваме многу во дигитализацијата на царината и тоа веќе дава резултати во нашата поголема функционалност", изјавила на средбата директорката на Царинската управа Славица Кутиров.

На средбата на претставниците на царините присуствувале и претставници министерствата за финансии на двете земја и биле презентирани информатичките системи што се користат во царинското работење - Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи, Интегрираната тарифна околима - ТАРИМ и нивниот развој во насока на воспоставување на интерконективност и интероперабилност со системите на Европска Унија.

На средбата, како што информираат од Царинската управа, станало збор и за регионалната интеграција и електронска размена на прекуграничните документи.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе