Изјава на директорот на „Булгартрансгаз“

Бугарија нема да ги запре испораките на гас за Македонија, Србија и Грција

Извршниот директор на бугарската државна компанија „Булгартрансгаз“, Владимир Малинов, за БНТ изјави дека иако Русија ја прекина испораката на природен гас за Бугарија, нема да го запрат транзитот на руски гас за Македонија, Грција и Србија.

Според Малинов, Бугарија започнала преговори со Турција за обезбедување рута за снабдување со природен гас како алтернативна рута, пренесува МИА.

„Булгартрансгаз“ е подготвен да го наполни бугарското национално складиште за гас во Чирен до крајот на летото и на есента.

Малинов вели дека вчера е направено уште едно тестирање на гасната врска меѓу Бугарија и Грција и дека работите се одвиваат според планот, така што интерконекторот ќе биде завршен до крајот на јуни, иако самиот „Булгартрансгаз“ нема да биде негов оператор.

Заклучно со 15 мај има 113 милиони кубни метри гас во складиштето во Чирен, што претставува околу 21 отсто од техничкиот капацитет, додаде Малинов.

Започнало полнењето на бугарското складиште за гас и дневно се танкираат околу 1 милион кубни метри гас.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе