Бранко Азески на главниот панел на првиот Отворен Балкан форум во Белград

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, денеска во Белград ќе биде панелист на централниот панел на првиот „Отворен Балкан форум“, што се одржува во хотелот Хилтон. Останати учесници на главниот панел ќе бидат српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, советничката на албанскиот премиер Еди Рама, Одета Барбулуши и претставници на стопанските комори на Србија и Албанија.

Целта на оваа прва конференција е да понуди механизам од страна на организацијата на цивилното општество, некој вид на поддршка за иницијативата Отворен Балкан како поддршка на натамошните интеграции, а ќе придонесе и за продлабочување на хармонизација на прописите помеѓу нашите држави. Учесници ќе бидат познати економисти, врвни менаџери, меѓународни организации, развојни агенции, дипломатскиот кор.

Попладнето претседателот Азески ќе гостува во живо и на неколку телевизии на кои ќе се третира ова прашање, информираат од Стопанската комора.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе