Современата технологија, машините и опремата во кои „Брако“ во континуитет инвестира, овозможува беспрекорно реализирање на ова стручно образование по германски модел каде во комбинацијата на теоријата и праксата посебен акцент се става токму на практичната обука во компаниите.
„Во моментов ученици од втора година од ССОУ ’Коле Неделковски’ од Велес ги спроведуваат стекнатите теоретски знаења во пракса, од струката Техничар за производно машинство,“ вели Олгица Минова, сертифициран ментор за работа со ученици во „Брако“.
„Брако“ е партнер на програмата Дуално образование која е исклучително ефикасна во создавањето стручни кадри кои се барани во производствените процеси во период на невработеност токму поради несовпаѓањето на вештините.