Халата ќе се протега на површина од 4.500м2, ќе се гради во наредните две години и ќе чини над 2,5 милиони евра. Новиот работен простор ќе овозможи проширување и на производството на метални конструкции и елементи, а ќе содржи и административни простории, менза и други модерно опремени простории.
Брако постојано вложува во капитални инфраструктурни проекти со кои ги зголемува ефикасноста, ефективноста и продуктивноста, а со тоа и конкурентноста на компанијата на меѓународните пазари.