Бочварски се сретна со Павлова: Фокус на изградбата на Коридорот 8 кон Бугарија

Министерот Бочварски се сретна со Лилјана Павлова, потпретседател на Европската инвестициска банка, а фокус на разговорот беше изградбата на пругата кон Република Бугарија.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари работна средба со Лилјана Павлова, потпретседател на Европската инвестициска банка.

На средбата се отворија прашањата за инвестициите во железничката инфраструктура, со фокус на изградба на Коридорот 8 кон Република Бугарија.

Министерот Бочварски ги претстави инвестиционите планови за изградба на железничкиот Коридор 8, конкретно делницата Крива Паланка – Деве Баир, како еден од приоритетите на државата.

„Особено ми е драго што ја реализиравме оваа средба со госпоѓата Лилјана Павлова, потпретседател на Европската инвестицска банка. Министерството за транспорт и врски има тесна соработка со оваа банка во финансирање на проекти од комуналната сфера во сите општини во државата. Денешната средба беше во фокус на финансирање на изградбата на третата делница од пругата Република Бугарија, на потегот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. На средбата ги потенцирав националните интереси во делот на железничкото поврзување со Република Бугарија, како клучен аспект за развој на регионалното поврзување и економијата во целина. Овој проект е приоритет за Владата и верувам дека набрзо ќе ја заокружиме финансиската конструкција и ќе започнеме со изградбата на пругата. Би сакал да потенцирам дека за првата и втората фаза, од Куманово до Крива Паланка, веќе имаме обезбедено средства и очекувам набрзо да склучиме договор со изведувач," изјави министерот Бочварски.

На средбата присуствуваше и директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, кој ги презентираше развојни планови за изградба на железничката инфраструктура во Република Македоинја.

На средбата двете страни заеднички ја потврдија активната соработка со можност да се продолжи во следниот период.

Европската инвестициска банка е силен поддржувач на Министерството за транспорт и врски во реализација на проектите во комуналната инфраструктура за изградба на водоводни и канализациони системи во општините во Република Македонија.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе