Министерство за транспорт и врски

Бочварски: Догодина гасоводите Куманово-Битола и Скопје-Гостивар ќе бидат готови

Изградбата на магистралниот гасовод Куманово-Штип-Прилеп-Битола е со 90 процентна реализација, а гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар има над 60 процентна реализација, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој очекува двата крака да бидат готови следната година.

„Веќе подготвуваме и краци за поврзување на Свети Николе и Велес и уште еден крак за поврзување на Струмица која ќе се поврзе преку Бугарија“, изјави Бочварски при денешната посета на Штип.

Информира дека се прават преговори со Грција за крак оттаму со што заедно со кракот од Бугарија ќе има два крака преку кои ќе се напојува државата со овој природен енергенс.

Во тек е и постапка во Министерството за економија за избор на концесионер кој би ги гасифицирал градовите во државата.

Конкретно, општина Штип веќе има идеен проект и се привршуваат основниот и инфраструктурниот проект. 

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе