Бизнисмените го потсетија Заев да го одржи ветувањето за вицепремиер за економија

Тоа што го вети лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, треба да се реализира велат од Стопанската комора на северозапанда Македонија. СДСМ за време на изборната кампања вети дека функцијата на вицепремиер за економски прашања ќе биде од редовите на стопанските комори.

Фатмир Битиќи, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, вели дека ќе се консултираат со другите комори за да изберат заеднички кандидат за оваа позиција.

Од СДСМ, велат дека тоа ветување е дел од предизборната програма и дека тоа ќе го реализираат, но, сѐ уште не одлучиле за кадарот кој ќе биде дел од владините позиции.

Од Стопанската комора на северозападна Македонија, велат дека очекуваат новата Влада да ги земе предвид нивните барања меѓу кои и капитални инвестиции во инфраструктура, мерки за поддршка на домашните бизнисмени и многу административни и технички  мерки  за олеснување на активностите на бизнисот, јави ТВ21.

 

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе