Битиќи во Венеција: Промовирана првата италијанско-македонска стопанска комора

Ние сме мала земја аспирант за членство во ЕУ но можеме да бидеме чинител којшто во заедничкиот мозаик на ЕУ ќе биде дел којшто не треба да се заобиколи, порача денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи од Венеција.

Битиќи заедно со министерот без ресор задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи, градоначалници и претставници на стопанските комори на Македонија учествуваше на Бизнис форум на градоначалници и стопанственици од двете земји.

„Овие два дена ги претставуваме можностите за концептот Near m-shoring и за вредносниот синџир којшто можеме да го донесеме во нашата земја. Видовме дека взаемната соработка е неизбежна со сите земји коишто се дел од Европа“, рече Битиќи.

Вицепремиерот порача дека во новиот предизвик во којшто Европа се наоѓа, а тоа е војната во Украина и економската криза заедно со енергетската криза, само заеднички интегрирани со заемна соработка и солидарност можеме да ја надминеме оваа криза.

Мунир Шемси, претседател на Асоцијацијата „АПИ НОРТЕСТ“ и организатор на средбата во Италија, појасни дека проектот „АПИ“ во иднина ќе стане стопанска комора, како и дека имаат проект да се направи градежна професионална школа, но и план да се изгради училиште во Македонија за медицински лица.

Заменик градоначалникот на Венеција, Симоне Вентурини порача дека тие имаат потреба за институционална соработка на економско ниво и нагласи дека е убеден дека „АПИ“ ќе ги донесе дома сите овие цели коишто ги има зацртано.

Вицепремиерот Битиќи одговарајќи на новинарско прашање како Македонија ќе го имплементира овој проект, рече дека Владата ги нуди сите поволности и, според него, можеби најдоброто во опкружување во ЈИЕ.

„Иако сме аспиранти за влез во ЕУ целосно сме усогласени со ЕУ-директивите и самиот факт дека сме земја членка на НАТО укажува дека сме земја за безбедна инвестиција. За сите италијански компании тоа значи само 12 часа далеку со кој било транспорт до нивното место во Италија. Јас секогаш велам дека 12 часа се секако помалку од 120 или 180 дена. И за тоа сме спремни со целосната инфраструктура како што е сообраќајната инфраструктура, но и законската инфраструктура која што треба да ги поврзе компаниите“, појасни Битиќи.

 

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе