Битиќи е оптимист: Топлинска енергија ќе има, граѓаните да се спокојни

Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Одговорајќи на новинарско прашање дали е обезбеден гас за парно греење на скопјани, Битиќи информира дека  ЕСМ согласно активностите за преземање на БЕГ, греба да обезбеди или гас или мазут. Соред информациите што ги добиваме секојдневно, тие се во завршни дискусиите за потпшишување на договорите за гас. Кој е изворот,? За нас и за граѓаните е најмалку важно, битно е да има гас. Зборуваме за грејната сезона до март следната година“, рече Битиќи.

„ЕСМ и „Адора" влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Сѐ што е возможно ќе се направи. Ние велиме дека топлинска енергија за граѓаните секако ќе има и тие треба да бидат спокојни“, рече Битиќи.

Според него, Одлуката на РКЕ, која е независно тело, може да се побара, а членот три е јасен и дециден.

„Дојдено е време да читаат и да толкуваат треба тие што тоа го знаат. Граѓаните само треба малку повеќе да веруваат. Како што во јануари обезбедивме топлинска енергија кога бевме оставени на цедило, така и сега топлинска енергија за граѓаните на Скопје ќе има. Независно дали е ЕСМ или БЕГ, граѓаните ќе добијат топлинска енергија. Бидејќи од однесување на прватниот партнер не сум задоовлен, би сакал тоа ЕСМ да го направи“, истакна вицепремиерот и уште еднаш порача дека од закон никој не може да се огради.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе