„Бетон“ ги продава недоградениот хотел во центарот на Скопје и побарувањата за црквата „Св. Константин и Елена“

Градежната кмпанија „Бетон“ го продава недоградениот хотел залепен до штабот на на ВМРО-ДПМНЕ во строгиот центар на Скопје и побарувањата од 4,4 милиони евра од фондацијата „Св. Цар Константин“ и МПЦ. За побарувањата од фондацијата веќе има согласност да бидат преземени од „Ремедика“, болница во сопственост на сопругата на Минчо Јорданов, Елица.

Хотелот во центарот на Скопје веќе неколку години стои недограден, а од „Бетон“ велат дека компанијата нема пари да го догради и има големи ненаплатени побарувања за проектите од „Скопје 2014“.

Болницата „Ремедика“ ќе треба на „Бетон“ да му го исплати целиот износ од 4,4 милиони евра, со што ќе стане доверител во стечајната постапка за фондацијата. Одлуката за преземањето на долгот треба да ја усвојат акционерите на „Бетон“ на вонредното собрание на 18 октомври.

Црквата „Св. Константин и Елена“ почна да се гради во 2012 година, но запре откако почнаа да се таложат долговите. Во 2014 година Владата и МПЦ организираа и донаторска конференција за доизградба на црквата.

Инаку „Бетон“ има ненаплатени околу 8 милиони евра за изградба на објекти и споменици од проектот „Скопје 2014“.

Одобрението за градба на хотелот заедно со зградата на ВМРО-ДПМНЕ „Бетон“ го доби во јуни 2012, а рокот рокот за градба на овој објект е до 2023.

Неодамна акционерите на „Бетон“ го одобрија склучувањето на договор со заинтересирана страна за продажба на нивниот хотел во Стар Дојран. Станува збор за договор тежок 1,3 милиони евра со компанијата Репро 21, друштво во сопственост на најголемиот акционер во „Бетон“ – Репро оне лимитед, офшор-компанија основана во 1999 година со седиште во Британските Девствени Острови. Минчо Јорданов се пријави како вистински сопственик на Репро оне лимитед.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе