Со одлука на регулаторите

Бензинот достигна 86 денари, дизелот 75,5 денари, горивата пак поскапуваат

Вечерва по полноќ нафтените деривати во земјава повторно поскапуваат. Бензинот и дизелот за по 1,5 денари по литар. Бензинот од 98 октани по полноќ ќе ја достигне највисоката досега цена од 86 денари за литар, а дизел горивото исто така ја достигнува највисоката досега цена - 75,5 денари по литар.

Цените по полноќ ќе изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 84,00 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 86,00 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 75,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 74,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 48,170 (денари/килограм)

Во однос на денешните цени, од утре ќе се плаќа 1,5 денари повеќе за бензинот и дизел горивото, за 1 денар ќе поскапи нафтата за домаќинствата, додека мазутот поскапува за за 1,249 денар по килограм.

Поскапувањата во просек изнесуваат 1,93 проценти.

„Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,711%, кај дизелот за 1,997% , кај екстра лесното масло има намалување за 2,329% и кај мазутот зголемување за 2,701%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,496%“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе